Шпанскиот тенисер Рафаел Надал следната недела на најновата АТП ранг листа ќе се врати на првата позиција после повеќе од три години. Надал кој помина период на борба со повредите не го крие задоволството од постигнатот, додавајќи дека никогаш не размислувал за откажување покрај големите проблеми.

Годинава во прилог на Шпанецот одеше слабата форма на Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј и калкулирањето на Рожер Федерер кој прескокнува турнири поради набиениот распоред и страв од повреди.

– Неиграњето на Федерер на турнирот во Синсанати е лоша вест за сите љубители на тенисот. Мојот нов успех е нешто посебно и затоа уживам во вистинска смисла на зборот. Последно кога бев таму до денеска се случија многу работи и мило ми е што ги преживеав. Ја задржав страста и љубовта кон тенисот иако ми зададе многу болки и откажувања. Секогаш се трудам да уживам и да играм тенис, а се додека е така ќе играм со желба да победувам. – изјави Надал.

Шпанецот во својата кариера на првата позиција бил 141 недела, а подобар ефект од него има само Ѓоковиќ кој на првата позиција се задржал 241 недела.

OhridNews