Шпанскиот тенисер Рафаел Надал триумфираше на турнирот во Штутгарт победувајќи го во финалето Виктор Троицки со 2-0 (7-6, 6-3) во сетови.
Со освојувањето на титулата на турнирот во Штутгарт, кој се игра на тревна подлога Надал ја прекина петгодишната црна серија, која трае од Вимболдон 2010 година.
Главна награда на турнирот во Штутгарт е најновиот Мерцедес, а Надал клучевите ги освојува по трет пат по 2005 и 2007 година.
Ohridnews