Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал и Бугаринот, Григор Димитров ќе ги одмерат силите во второто полуфинале на првиот грен слем турнир за оваа година, Австралија Опен.
Деветтиот носител на АТП листата, Надал во три сетови (6-4, 7-6, 6-4) за два часови и 46 минути го совлада Милош Раониќ кој беше благ фаворит пред четвртфиналниот дуел.
Димитров, пак, за влез меѓу ТОП 4 тенисерите на австралискиот грен слем турнир го совлада Давид Гофан исто така во три сетови (6-3, 6-2, 6-4).
Претходно влез во 1/2 финалето и меѓусебен натпревар закажаа Стен Вавринка и Рожер Федерер.
OhridNews