Шпанскиот тенисер Рафаел Надал после триумфот на Ролан Гарос изјави дека целта во кариерата не му  била да го собори рекорд на Рожер Федерер или Новак Ѓоковиќ, туку да игра тенис и да си го оствари детскиот сон. Надал во финалето го совлада Доминик Тим со 3-1 во сетови и стигна до 12-та титула на францускиот грен слем турнир а вкупно 18-та во кариерата.

Нормално е да се мотивираме едни со други, но никогаш не се мерам со ривалите. Да бидам искрен никогаш не се отповарувам дали ќе го стигнам Федерер на вечната листа по освоени титули од грен слем турнирите. Некогаш може вас да ве нервира што комшијата има поголема куќа, телевизор или двор, но тоа не е начин на кој треба да се размислува во животот. Треба да се проба да се ужива во тоа што го имаш и да не копнееш по она што не е твое. Јас се осеќам среќен поради сиот мој успех кој го имам направено во тенисот и немам буквално никаква потреба да копнеам по туѓ успех. Си одам по мојот пат без да се вртам назад и ќе продолжам така. – изјави Надал.

Шпанецот со 18 трофеи е втор на листата по освоени титули од грен слем турнирите, а водечки е Федерер со вкупно 20 титули.

Надал најави дека напорно ќе тренира да биде што подобро подготвен за грен слем турнирот Вимболдон во Англија. Шпанскиот тенисер на тронот во Вимболдон се искачи 2008 и две години подоцна.

OhridNews

Рафаел Надал триумфираше на Ролан Гарос