Британскиот тенисер Енди Мареј го освои трофејот од мастерс турнирот во Мадрид победувајќи го „домаќинот“ Рафаел Надал во финалето со 2-0 во сетови (6-2, 6-3).
До сега Мареј немаше победа над Надал во шесте дуели кои овие двајца тенисери ги имаат одиграно на земја.
Во Мадрид пред навивачите на Надал третиот светски тенисер ја прекина серијата и ја продолжи ризницата на трофеи после пехарот во Минхен.
Мх.П.