Шпанскиот тенисер Рафа Надал мораше да му пружи рака на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по убедливиот пораз во финалето на АТП турнирот во Доха.


Србинот за час и 14 минути со 2-0 во сетови го преслуша Надал кој пак мака мачи да ја пронајде старата форма со која доминираше во тенисот.

– Играв против тенисер кој имаше совршен натпревар. Никој и никогаш не играл против мене како Ѓоковиќ во финалето. Откако пратам и играм тенис не сум видел тенисер да одигра ваков натпревар, кога викам совршено мислам на меч без ниту една грешка. – рече Надал.

Со победата во Катар рекетот број еден стигна до јубилејниот 60-ти трофеј во својата кариера.

Ohridnews