Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со триумф на УС Опен ја заокружи одличната за него 2017 година. Во финалето Надал го совлада Кевин Андерсон во три сетови и ја освои втората титула од Грен слем турнири оваа сезона.
– Што се однесува за мене лично ова е неверојатно. После неколку години во кои имав проблеми со повреди, годинава помина одлично и горд сум поради тоа. Уште од турнирот во Австралија играм тенис на високо ниво и нема нешто што повеќе може да ме усреќи. Освојувањето на титулата во Њујор ми дава посебна енергија, бидејќи публиката ме почитува повеќе од било кое место на светот каде играм и се натпреварувам. – рече Надал.
Шпанецот го пофали Кевин Андерсон, кој немаше многу шанси во финалето кое Надал го доби во три сетови.
– Тој треба да биде пример за сите идни генерации кои ќе одберат да се занимаваат со тенис. Не се предаде никогаш и не се откажа, без разлика на мојата победа, тој суштински е шампион на овој турнир. – додаде Надал.
Со титулата од УС Опен, Надал стигна до 16-та во кариерата од Грен слем турнирите и го осигура првото место на АТП листата.
OhridNews