Светскиот број 1, Рафаел Надал, ја понуди сопствената тениска академија за сместување на луѓето погодени од поплавите на островот на Мајорка, кои досега земаа пет жртви.

Академијата „Рафаел Надал“ понуди сместување на 50-тина луѓе досега и самиот Надал преку Твитер ги повика тие кои имаат мака да се обратат кај неговите луѓе.

  • Тажно време во Мајорка. Моето искрено сочувство за роднините на починатите и повредените по сериозните поплави во Сан Љоренц. Како и вчера, продолжуваме да помагаме каде што можеме со сместување. – напиша Надал на социјалните мрежи.

OhridNews