Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по пауза од два месеци се врати на терените. Тој отсуствуваше поради повреда на зглобот која се покажа повеќе од сериозна.

Тој се врати на егзибициониот натпревар во Астана, Казакстан играјќи со Жо-Филфред Цонга.

Надал последен меч одигра на Вимболдон каде беше елиминиран во втората рунда, а ги пропушти турните во Торонто, Синсинати и гренд слемот УС-Опен.

Мх.П.