Шпанскиот тенисер Рафа Надал и Австриецот Доминик Тим ќе ги одмерат силите во финалето од 122-то издание на францускиот грен слем турнир Ролан Гарос.

Најтрофејниот тенисер во историјата на Ролан Гарос со десет титули, Надал во полуфиналето го елиминираше Хуан Mартин дел Потро во три сетови (6-4, 6-1, 6-2). Ист учинок односно идентична победа имаше Тим (7-5, 7-6, 6-1) против Марко Чекинато кој во 1/4 финалето го победи Новак Ѓоковиќ.

Надал во финалето кое ќе се одигра в недела со почеток вo 12 часот ќе ја брка 11-та титула на францускиот турнир, додека Тим првата воопшто од грен слем турнирите. Како најава на машкото финале во женското ќе се сретнат Симона Халеп и Слоан Стивенс.

OhridNews