Шестиот носител на АТП листата, Марин Чилиќ обезбеди пласман во најдобрите четири тенисери на Австралија Опен, откако неговиот противник Рафа Надал се откажа во петтио сет при негатива 2-0 во гемови поради повреда.
Мечот до прекинот и откажувањето на Надал траеше точно 3 часа и 52 минути, а Шпанецот се повлече поради болки во десната нога. На најдобриот тенисер не му помогна ниту лекарската терапија која ја побара после завршување на четвтиот сет кој го изгуби со 6-2.
Надал го доби првиот сет со 6-3, а Хрватот врати со иста мера за изедначување. Шпанецот го врати водството после третиот сет, а Чилиќ најде начин да се врати во игра и повторно да изедначи. Надал токму во четвртиот сет се пожали на повреда, а во петтиот сет одигра само два гема и се повлече со солзи во очите.
Противник на хрватскиот тенисер во 1/2 финалет ќе му биде Кајл Едмонд кој за влез во ТОП 4 го словлада Бугариниот Григор Димитров со 3-1 во сетови. Рано сабајле ќе се одиграат преостанатите две четвртфинални пресметки Сандгрен – Чунг и Бердих – Федерер по кои ќе се комплетираат полуфиналистите.
OhridNews