Вториот светски рекет Рафаел Надал ќе се повлече од мастерс турнирот во Шангај поради стомачниот вирус.

Тој го пропушти последниот тренинг пред мечот со Фелисијано Лопез, а не ни се појави на закажаната пресконференција.

Стомачниот вирус не е нов проблем за Надал, кој неодамна го откажа настапот на Австралија Опен, турниров во Абу Даби и Доха.

Шпанскиот тенисер пред две седмици се врати на терените по пауза од пет месеци, но, стомачниот вирус пак ќе го оддалечи на неверојатно пократко време.

Ohridnews