Рафаел Надал со победа над Филип Колшрајбер за пласман во 1/8 финалето на мастерс турнирот во Мајами го одбележа илјадитиот натпревар во тенисот.
Шпанецот иако го изгуби првиот сет без освоен гем смогна сили и во останатите два сетови ги исправи работите и ги донесе на свое место.
– 1000 натпревари се многу како бројка, што значи дека имам долга кариера. Години слушав како јас ќе имам кратка кариера поради начинот на игра, а волкав број на мечеви не се играат за кратко време. Се сеќавам и на мојот прв натпревар 2003 година во Мајорка кога победив, а се уште одев на школо. – изјави Надал.
30-годишниот тенисер во кариерата има освоено вкупно 69 трофеи, а во одбраното друштво им се придружи на тенисери од рангот на Џими Конорс, Рожер Федерер, Иван Лендл, Гилермо Вилјас, Андре Агаси, Џон Мекинро, Давид Ферер, Штефан Едберг и Брајан Готфрид.
OhridNews