Шпанецот Рафел Надал е победник на гренд слем турнирот УС Опен 2017 откако во финалето го совлада Кевин Андерсон со 3-0 (6-3,6-3,6-4).  За Надал ова е трета титула на овој терен, а 16 гренд слем титула. Тој е „само“ втор на вечната листа зад Рожер Федерер кој има 19 гранд слем одличја.

 

Новиот број 1 на АТП листата по триумфот истакна : „Честитки за Кевин, кој и покрај сериозните повреди успеа да се врати на терен и да стигне до финалето. За мене ова е повеќе од успешна сезона, по неколкуте години на “мачење“ со повреди. Се чувстувам како дома, прекрасно беше да се игра овде во Њујорк. “ 

Надал ја искористи приликата да им изрази сочуство на семејствата на жртвите од земјотресот во Мексико, како и на оние кои беа погодени од ураганот Ирма. 

OhridNews