Со победата над Доминик Тим во финалето шпанскиот тенисер Рафа Надал стигна до 11-та титула на францускиот грен слем турнир Ролан Гарос, а вкупно до 17-та во кариерата. Водечки тенисер на вечната листа е големиот пријател и ривал на Надал, Рожер Федерер кој има точно 20 титули.
– Треба да бидиме задоволно од она што ние го имаме, затоа што ако гледаме што другите имаат секогаш ќе бидиме несреќни и незадоволни. Секако дека сакам да имама 20 титули и повеќе, но моментално уживам во најновата, бидејќи е круна на една макотрпна работа. Овде нема да застанам, гладен сум за играње и натпреварување и ќе одиме чекор по чекор. – изјави Надал.
Федерер го прескокна францускиот грен слем турнир и „купи“ време за што подобра подготовка за Вимболдон, каде ќе ја брани титулата.
OhridNews