Без победник и без голови 0-0 заврши првата контрола меѓу Македонија и Данска одиграна на “Билјанини Извори“ во Охрид.  Студеното време не дозволи да се развие игра, најголемиот дел од мечот се играше на средината на теренот без посериозни можности. 


Македонија во последните десет минути играше со со играч повеќе по вториот жолт картон на Ларсен (автоматски црвен), но не успеаа да ја искористат бројчаната предност.

Ударот на Исени од слободен удар беше единствената закана, која  заврши во рацете на добро поставениот Фернадез.


–    Задовлен сум постигнатиот резултат, ова е нова генерација кои прв пат играат заедно, има дадовме шанса на десет дебитанти на кои сметаме во наредниот циклус. Очекувам позитивен резултат и на наредниот меч во четврток  – рече селекторот Менсур Јакупи.

Овие натпревари ќе бидат тест за селекторот Менсур Јакупи пред квалификациите  за фудбалери до 19 години , во ноември во кои сме во група со Швајцарија, Украина и Казахстан, а Македонија ќе биде домаќин

Мх.П.