Македонската репрезентација за фудбалери под 17 години по одржаните мини подготовки во Охрид, денска заминува за Луксембург каде ќе учествува на претквалификациски турнир за ЕП 2011 (3-15 Мај , Србија). 

Македонските надежи во Охрид одиграа и една контрола против кадетската екипа составена од играчи од охридско струшкиот регион, мечот го добија надежите со 6-1.


Во првата рунда која ќе се игра во Луксембург покрај домаќинот наши противници уште се Шкотска и Швајцарија. Двете првопласирани екипи обезбедуваат пласман во втората рунда. 

Распоред на натпреварите :
17.Септември
Македонија – Шкотска ( Беген)
Швајцарија – Луксембург

19.Септември
Швајцарија – Македонија (Бетембург)
Луксембург – Шкотска

22.Септември
Шкотска – Швајцарија
Македонија – Луксембург (Бетембург)

М.П.