Македонската репрезентација за фудбалери под 17 години во Охрид одржува мини подготовки пред циклусот квалификациски натпревари за Европското Првенство.

Во првата рунда која ќе се игра во Луксембург покрај домаќинот наши противници уште се Шкотска и Швајцарија. Двете првопласирани екипи обезбедуваат пласман во втората рунда.

– Во текот на целата година секој месец имавме по еден или два контролни натпервари, додека во јуни одигравме и четири натпревари. Немаме проблем со повредени играчи и веруваме во овие репрезентавици оти ќе ја израдуваме македонската јавност – рече селекторот Менсур Јакупи.

По серијата лоши резултати на македонските национални селекции, очите на јавноста ќе бидат вперени кон младите селекции. Јакупи смета дека овие фудбалери имаат потенцијал еден ден да ги бранат боите на “А“ тимот.

Во оваа генерација има фудбалери кои поседуваат голем талент и веруваме дека многу од нив ќе го подигнат нивотот на А репрезентацијата. Неколку фудбалери имаа понуди од други земји како што се Мумин Нуриши, Арон Мустафа но сепак се одлучија да ги бранат боите на Македонија – завршува Јакупи.


Мх.П.