Младинската репрезентација на Македонија со реми ги започна квалификациите за Европското првенство во Израел 2013 година . “Црвено жолтите“ на стадионот “Борис Трајковски“ го запреа големиот фаворит Србија играјќи 1-1.


По првите 45 минути мрежите на обата гола мируваа, први мрежата ја начнаа “орлите“ преку Марковиќ во 73-та минута. Првиот бод во првиот натпревар од групата за Македонија го донесе Хасани во 89-та минута со удар од белата точка.

Во втората рунда избраниците на Бабунски ќе се сретнат со аутсајдерот Фарски Острови.

Мх.П.