Голема надеж на Барселона, Ален Халиловиќ и следна сезона ќе ја помине на позајмица, но овој пат ќе го засили тимот на Валенсија.
Минатата сезона хрватскиот репрезентативец беше дел од екипата на Спортинг Хихон која во последните мечеви од Ла Лига обезбеди опстанок.
Барселона поради големата конкуренција отрфли да го врати Халиловиќ во своите редови или пак да го испрати во Б екипата каде се натпреваруваат неговите врсници.
19-годишниот фудбалер во Барселона се пресели од Динамо Загреб 2015 година, а тој трансфер му ги отвори вратите во сениорската репрезентација за која има осум настапи.
OhridNews