Претседателот на Собранието Талат Џафери го доставил до Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања барањето на судот за одземање на имунитетот на пртатениците Љубен Арнаудов, Сашо Василески, Крсто Мукоски, Јохан Трачуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски. Tие се сомничат за сторено кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата“, за што е предвидена казна затвор од најмалку 10 години.

Според најавите комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања ќе заседава денеска околу пладне.

OhridNews