Секторот за внатрешни работи Охрид и Оделението за превенција, попладнево,  ќе го одржи 18-от состанок со Советодавната група граѓани од Охрид. Тема на состанокот ќе биде анализа на актуелните состојби во училиштата со предлози за надминување на асоцијалното однесување на учениците и согледување на други негативни појави во и околу училиштата. 

На состанокот со Советодавната група граѓани ке бидат изнесени резултатите од истражувањето на м-р Гордана Атанасова во врска со причините за агресивното однесување кај учениците од петто до осмо одделение во основните училишта.

На состанокот кој ќе се одржи во 12 часот во Средното Угостителско училиште „Ванчо Питошески„ покрај претставници од СВР Охрид, ќе присуствуваат и претставници од Основниот Суд во Охрид, од Секторот за образование при Општините Охрид и Дебрца, претставници од центарот за социјални работи, од охридската општа болница, од советот на родители и локалниот совет за превенција,претставници на ОБСЕ, како и невладини организации и медиуми.

OhridNews