Од локалната самоуправа информираат дека ќе бидат санирани штетите на спомен-обележјето на А. ден Долард.
„Ние како локалната самоуправа ќе ги санираме штетите, но апелираме до несовесните граѓани да се воздржат од вандалските чинови на уништување на спомен обележјата и јавните површини.“ – велат од општина Охрид.
Оттаму потенцираат дека општината во соработка со Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, водат постојана грижа за просторот околу спомен-обележјето, кое редовно се чисти и одржува.
OhridNews












