Во текот на денешниот ден, надлежните служби при општина Охрид се огласија за проблемите за кои јавно проговорија жителите во строгиот охридски центар на булеварот „Македонски просветители“, веднаш зад Основниот суд Охрид.

Поставувањето на атмосферска канализација, асфалтирање и осветлување на овој простор е дел од програмата на Секторот за комунален развој при општина Охрид за оваа година. Времето на извршувањето на овие зафати ќе се знае по утврдувањето на динамиката за извршувањето на програмата за комунален развој.“ – велат од општина Охрид.

За регулирање на неправилното паркирање возила на овој потег, како што посочуваат од општината, надлежности има СВР Охрид.

За регулирањето на неправилното паркирање на возила на просторот зад зградата на Основниот суд, ппштина Охрид нема надлежности. За овој проблем граѓаните треба да се обратат во сообраќајната полиција при СВР Охрид.“ – додаваат од општина Охрид.

Инаку, жителите од централното градско подрачје јавно проговорија за проблемите со кои се соочуваат секојдневно, меѓу кои се злоупотреба на бесплатниот паркинг простор, немањето соодветна атмосферска канализација и асфалт, како и слабото улично осветлување.

О.Т.
Граѓанска реакција: Во 21 век улица во центарот на градот без асфалт и осветлување

Граѓанска реакција: Во 21 век улица во центарот на градот без асфалт и осветлување