Измените на програмата за уредување на градежно земјиште во 2023 година предизвика бурна расправа кај советниците на одржаната давесет и деветта седница на Совет на Општина Охрид. Од опозицијата со став дека не треба да се кратат средства за експропријација, од владејачкото мнозинство и службите велат се одлеваат непотребно средства од буџетот, се направат анализи и се разгледуваат можностите во иднина инвеститорите да плаќаат за уредување на градежното земјиште.

Инфраструктурните проблеми кои ги има градот особено доаѓаат во израз летниот период кога фрекфенцијата на луѓе и возила повеќратно го зголемува ритамот на нормалното функционирање и живеење во градот и апсолутно не треба од оваа ставка да бидат одземени средства, рече  координаторката на пратеничката група на СДСМ, Живка Ангелоска.

Знаеме дека со години наназад имаме цели комплекси на згради, сопственици на индивидуални станбени згради коишто немаат пристапни патишта до своите објекти, кај болничкот комплекс на пример, во строго централно градско подрачје и многу други каде не се реализирани пристапните патишта согласно деталните урбанистички планови. Во летниот период луѓето кои неможат да стигнат до својот дом претставуваат оптоварување во сообраќајот. Нерешени вакви проблеми има многу и во рамките на своите можности секогаш оваа ставка во програмата за уредување на градежно земјиште треба да се зголемува имајќи ги предвид можностите на општината и треба да претставува приоритет, а не да се намалуваат средствата од оваа ставка, додаде Ангелоска.

Претседателот на Советот, Сашо Донев истакна дека години нананзад се донесени урбанистички планови, а не е направена анализа што општината ќе добие и изгуби со истите.

Колку пари Општината би собрала од комуналии, а колку ќе треба да испати за да се реализираат потребите од урбанистичкиот план. Се соочуваме во ситуација да општината ќе треба да се заглавува дополнително, да земаме кредити за да реализираме урбанистички план. Како совет заедно со Фондот и Секторот за урбанизам треба да донесеме некоја одлука да видиме прво каква е економска исплатливост на урбанистичкиот план. Ако ние постојано ги трошиме парите за експропријација повеќе од колку што ќе земеме за комуналии од тие урбанистички планови, а дополнително треба да градиме и водовод, канализација и осветлување… каде е математиката на Општината. Треба да се изготви одлука во која прво ќе видиме што ќе значи тој урбанистички план за Охрид, колку ќе добие општината и што треба да направи за да се реализира тој план. Постојано доаѓаат граѓани за експропријација и ако ова не го сопреме ќе треба постајно да трошиме пари за тоа, наместо за водоводи и канализации и решавање други проблеми. Да се направи некоја анализа и пред се како советници да го гледаме интересот на Општината. Имаме ние План за управување и ги почитуваме сите законски обврски по однос на УНЕСКО и да не се случува на јавни анкети да се лицитира со проценти, додаде Донев.

Ракводителот на Секторот за општи работи, Тони Иваноски рече дека Кабинетот на градоначалникот заедно со службите на Секторот за комунални дејности и урбанизам работи на проблематиката и комплетна локација.

Како комплетна локација за да докажеме дека трошоците за уредување на градежно земјиште кои ги плаќаат инвеститорите не се доволни за целосно уредување односно за обезбедување на патна инфраструктура, водовод и канализација го земавме потегот зад две бензиски станици. Колку што се сеќавам Општината за да го оформи тој урбанистички проект треба да изврши експропријација на 5700 квадрати само за отворање на пристапни патишта. Плус водоводна и канализација мрежа. Средствата кога ќе се соберат по основ на комуналнии од урбаниот блок претставуваа 40% покривање на реалните трошоци за уредување на градежното земјиште. И тука законодавецот е јасен. Законот за градба предвидува издавање на одобрение на неуредено градежно земјиште, без да плати комуналии со обврски сите трошоци за пристапен пат, канализација и вода да ги сносат самите инвеститори. За жал, ваквата практика во Охрид досега не е употребувана и сега правиме одредени анализи да видиме колку ќе може да ја употребиме оваа законска можност и да ги тргнеме непотребните трошоци што се одлеваат од буџетот за експропријација, канализација и вода. Со години се случува даноците од граѓаните да се одливаат токму за овие намени. Законот е јасен колку средства ќе се соберат по основ на трошоци на уредување на градежно змејиште, толку можат да се потрошат. Со анализите до крајот на годината ќе имаме податоци за повеќе урбани блокови и наредната година кај што се извесни градби ќе предложиме да се даваат одобренија на неуредено градежно земјиште со обврска на инвеститорите сами да си ги уредат земјиштата.

Донев потенцираше и за уште еден актуелен проблем во оваа насока за место спроти полицијата каде со урбанистички план донесен пред десет години вели луѓето нема да можат да влезат дома.

Токму затоа мораме да најдеме законско решение како да донесеме одлука на Совет која ќе важи за иднина за тие кои ќе сакаат да инвестираат и градат во Охрид.

Ангелоска се согласи за правната рамка, но вели на крај жртва се граѓаните кои живает во тие станови, а кои сметаат дека своите обврски ги оствариле кон општината.

Имам забелешка во иднина да не се кратат средства за екпропријација за да се решат овие горливи проблеми. Има многу други ставки од каде може да се обезбедат средства. Запознаена сум со проблемот спроти полицијата. Да се даде поголемо внимание во однос на урбанистичките планови и да се донесат конкретни решенија. Да се изнајде начини да прекинат овие проблеми, додаде Ангелоска.

Н.С.Ј.