Надлежните екипи од вчлера постојано се на терен поради силните врнежи од дожд во охридскиот регион, кои предизвикаа проблеми, особено во стариот дел на градот каде градската мрежа тешко ја прифаќаше надојдената вода.
Екипи на „Нискоградба“ реагираа на повеќе места. Се санираше делот кај кафе барот „Аквариус“, а се работеше и на Булеварот „Туристичка“ и на повеќе локации во градот.
-Екипите остануваат будни затоа што според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето викендов ќе биде облачно и врнежливо, а локално се очекува да наврнат ови 25 литри на метар квадратен. – информираат од локалната самоуправа.
OhridNews














