Ова се податоците кои беа изнесени на денес одржаниот состанок на Секторот за внатрешни работи со советодавната група граѓани од Охрид, на кој се разговараше околу безбедноста на претстојните матурски вечери.
На 27-от состанок на советодавната група граѓани, беше потенцирана успешноста на проектот на СВР Охрид, „Среќни и безбедни матурски вечери“ , а беа подржани повеќе заклучоци. Меѓу нив, неопходноста од организиран превоз до хотелите каде ќе се прославува матурата, на матурантите и понатака да им се делат влезници за матурската вечер во автобусите непосредно пред тргнување, да се зголеми присуството на ангажираните агенции за обезбедување и нивното ангажирање за преглед посебно кога постои сомнеж за носење алкохол и предмети погодни за напад. На состанокот е донесен и заклучок за спречување на обидите за нелегален влез на лица кои не се матуранти, како и да се следи состојбата на местата каде ќе има втора и трета матурска вечер. На средбата беше исто така, искажана потребата од продолжување на присуството на полицијата на места околу школите, сообраќајниците и хотелите.
Посебно се нагласи потребата од започнување на проектот-„Кодекс за пристојно облекување“, наменет за учениците, но и за професорите, а се предложи во пресрет на овогодинешните матурски прослави да се изработи едукативен спот што ќе биде дистрибуиран до сите медиуми.
Денешниот состанок, имаше превентивен и координативен карактер, беше поврзан со планираните активности, односно со мерките што СВР Охрид, ќе ги спроведува со цел, безбедно одржување на матурските прослави, постигнување и одржување на висок степен на безбедносна култура и безбедносна свест кај матурантите, како и превенирање на асоцијалното однесување кај младите.