Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Ликсиан. Освен економската соработка помеѓу двете земји, тема на разговор беа и двете делници на автопатишта кои ги изведува кинеската компанија Синохидро и се финансирани со заемот од кинеската Ексим банка.
„Инфраструктурните проекти се од особена важност за унапредување на конкурентноста на македонските компании и Владата ќе се посвети на реализација на вакви проекти. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и на Кичево-Охрид, се надминаа проблемите и изнајдовме компромисно решение коешто ќе овозможи продолжување и комплетирање на започнатите работи. Делниците се важни за компаниите во источниот и западниот дел на Македонија заради поквалитетен, побрз и побезбеден транспорт на луѓе и стоки. Компаниите ќе бидат поконкурентни, со што ќе се придонесе до локален и регионален економски развој, но и раст на економијата на државата“, потенцираше Вицепремиерот, Анѓушев по средбата.
OhridNews