Како што информираат од комисијата, причина за одземањето на лиценцата е неисполнувањето на обврските на компанијата од законот за енергетика, во делот на стоковите резерви. При контрола извршена од страна на државниот пазарен инспекторат пред шест месеци било утврдено дека компанијата не ги поседува пропишаните резерви на деривати, по што и бил даден рок да ја исполни оваа законска обврска.
И покрај укажувањата и дадената опомена, компанијата не ја исполнала обврската, поради што од страна на комисијата е донeсена одлука за одземање на лиценцата.
Поради неисполнување на утврдените минимaлни технички услови, комисијата им ја одзеде лиценцата за работа на уште три нафтени комапнии во земјава.