На 6-тата „ Вечерта на благодарност“, ЦИРа додели 14 награди на бизнис компании, граѓански организации, институции, медиуми и индивидуи, за нивниот придонес кон заживување и развој на вредностите на солидарност, хуманост,, општествена одговорност и добротворство преку практиките на донирање и поддршка на поединци и заедници во невоља.
-Наградата за корпоративна филантропија за „Адора Инженеирнг“ е признание за напорите што со години ги прави градежната компанија во рамките на општествено одговорните практики за поддршка на поединци, локалните заедници и општеството во целина, етничките заедници, луѓето од ранливите категории, со различен социјален статус, болните, децата, студентите, стручната јавност, манифестациите од културата, спортистите, како и донациите во сите општини каде инвестираме, со цел да и возвратиме на заедницата и граѓаните.-. изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на „Адора Инженеринг“. Тој порача дека во рамките можностите, компанијата ќе продолжи да се грижи за благосостојбата на граѓаните, вработените, купувачите, за подобар живот на сите, за похумано и попросперитетно општество.