Сара Џелили од ОУТУ „Ванчо Питошески“, ученичка во прва година, е наградена за нејзината поетска творба „Мојот град – моја инспирација“ под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски, на литературниот конкурс на јубилејната поетска манифестација „50 Детски Рацинови средби“  во организација на Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ и општина Велес.

– Да се добие ваква висока награда е голема чест и задоволство, пишувајќи за својот град, но особено затоа што станува збор за највисока детска поетска манифестација од државен ранг преку која се негува пишаниот збор како и ликот и делото на нашиот писател Кочо Рацин, вели наградената ученичка .

На манифестацијат аучествуваше и Марија Наумоска, ученичка во осмо одделение  во ОУ „Кочо Рацин“ под менторство на професорката по македонски јазик и литература, Наташа Неданоска. Наумоска доби Пофалница за учество во категоријата основно образование.

OhridNews