
Младиот Марковски е автор на книги од различни жанрови и области, добитник е на признанија за своето творештво во земјава и странство и е постдипломец на Факултетот за драмски уметности.
Годинава ја објави својата трета поетска збирка со наслов In Nomine, во издание на „Македонска Реч“.
Тој е осмиот по ред добитник на ова признание што го доделува Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје.
Промоцијата на поетската збирка е закажана за 22 декември во склоп на традиционалната манифестација „Денови“ организирана од Домот на културата која го чествува раѓањето на големиот македонски поет и интелектуалец Кочо Рацин.
OhridNews











