Српскиот автор Миљурко Вукадиновиќ е добитник на наградата „Книжевна далга“ за 2014 година што ја доделува Здружението „Бран“ и списанието „Бранувања“ од Струга, во рамки на меѓународната манифестација Струшки книжевни средби.

Според жирито на манифестацијата, авторот Вукадиновиќ наградата ја добива за високи дострели во литературата и меѓународната соработка и развојот на пријателството и соработката на авторите од Србија и  Македонија.

Миљурко Вукадиновиќ (1953) е поет, раскажувач, есеист, антологичар, преведувач, кој пишува на српски и на романски јазик и има објавено околу 70 дела на двата јазика.  Добитник е на над 20 признанија за книжевната и преводувачката работа.

Наградата ќе му биде врачена на Струшките книжевни средби во јули оваа година, на поетски митинг што ќе се одржи во дворот на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга.

OhridNews

извор: „миа“