Наградата за животно дело, која се доделува за прв пат и му припадна на Насе Насев,долгогодишен селектор на македонската репрезентација во борење, соопштија во вторник од одборот за доделување на спортската награда „8.Септември“.
Паричниот износ на државната награда „8 Септември ” за животно дело е доживотна месечна исплата на една просечна плата исплатена во последните три месеци на тековната година, соопшти денеска на прес-конференција проф. д-р Зоран Радиќ – претседател на Одборот за доделување на државната награда „8.Септември ”.
Носители на државната награда за 2012 година се проф.д-р Милош Вучидолов, Хајрун Синани-борење, Александра Неделковска-кик-бокс и Бошко Заборски-карате.
Паричниот износ на државната награда „8 Септември” е десет просечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци на тековната година.
На овогодишниот, прв избор за државната награда “8-ми Септември” за категоријата Животно дело беа пријавени деветмина, а додека пак, за државната награда 13 кандидати. Конкурсот за аплицирање траеше од 31 јули до 15 август 2012 година.
Одборот за доделување на државната награда „8 Септември ” одлучуваше во состав: проф. д-р Зоран Радиќ – претседател, проф.д-р Ленче Алексовска – член, Арѓент Беќири – член, д-р Томислав Андоновски-член, проф.д-р Иса Аслани, Горан Атанасовски – член, д-р Сашо Поповски, Пепи Манасков-член, Гордана Нацева – член, Ѓорѓе Војновиќ – член, Горан Милковски – член, Драган Дојчиновски – член и доц.д-р Висар Ганиу.
Наградите ќе бидат свечено доделени на 8 септември во Владата на Македонија.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...