Наградени ученици и ментори од основните и средните училишта во Општина Охрид. Градоначалникот на Општина Охрид донесе решение со кое одобри исплата на учениците и нивните ментори од основните и средните училишта во Oпштина Охрид кои постигнале значајни резултати на државни и меѓународни натпревари во знаење, но и на првенците на генерации.
Со оваа активност Oпштина Охрид е првата општина во Република Македонија која на овој начин ги наградува своите талентирани ученици. Дополнително оваа година и превозот за учество на натпреварите на учениците и нивните ментори комплетно беше обезбеден од општината, велат во соопштението од Општина Охрид.
Потенцираат дека учебната година завршува со промоција на најуспешните и упатуваат честитки до учениците и нивните ментори за постигнатите успеси.
Листата на наградени ученици на линкот.
OhridNews











