Учениците од Основните училишта кои добија награди на Конкурсот за изработка на креативни предмети и творби на тема „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“ , во текот на вчерашниот ден беа на прием кај градоначалникот Никола Бакрачески.

Првиот човек на градот, на најмладите им го честита успехот, а во знак на благодарност, наградените основци му подарија реплика од наградените дела.

Бакрачески рече дека во идниот период ќе ги посети наградените учениците во училиштата, за лично да им врачи благодарници за успехот кој го постигнале и за тоа што достојно го претставуваат Охрид.

OhridNews