
Утрешниот ден ќе биде посветен на форумот на кој ќе се дискутира за улогата на ИПА и ИПАРД фондовите во развојот на руралниот туризам, за последиците од глобалната економска криза врз туризмот, како и за Македонија како туристичка дестинација.
Гастро-натпреварот и годинава ќе се одржува во хотелот „Дрим “ во Струга.
Организаторите предвидуваат и повеќе награди за учесниците на саемот. Главната е гранд-при, а ќе се наградуваат најдобрата национална туристичка организација и најдобриот тур-оператор. Награди ќе се доделуваат и во категориите културен и здравствен туризам, етно и еко-туризам, како и во хотелиерството.
Ohridnews












