Управата на Рома не му го прифати извинувањето на капитенот Раџа Наинголан за „лумпувањето“ на Новогодишната ноќ. Репрезентативецот на Белгија на социјалните мрежи постави видео на кое конзумира алкохол, пуши цигари и вулгарно зборува, што не е дозволиво за еден спортски од светски рамки. „Волчицата“ експресно го казни фудбалерот со третина од месечната плата, односно 300 000 евра кој повторно упати извинување до навивачите.

– Сакам да се забавувам со пријателите и жалам поради тоа што се случи. Мислев дека ќе ми биде дозволено да отидам чекор напред од нашите граници и погрешив. Не сакам да оставам негативен пример и затоа сакам да се извинам и да ја прифатам казната. – рече Наинголан.

Покрај парична на фудбалерот му се заканува и суспензија од натпревар за кој „џалоросите“ дополнително ќе одлучат. Рома во првиот меч од Новата 2018 година ќе се сретне со Аталанта.

OhridNews