Верувале или не, намирниците кои ќе ги наведеме имаат во себе повеќе сол од цело пакетче чипс, затоа, внимавајте што јадете.
Солената храна не е добра за здравјето поради силното влијание врз крвниот притисок, па се препорачува избегнување на разни грицки. Но, кога малку подобро ќе погледнеме во декларацијата на некои прехрамбени производи, ќе утврдиме дека солта ја имаат во неверојатни количини.

 Се што е наведено содржи повеќе сол од пакетче чипс, па ако мислите дека јадете здраво, се лажете! Ако на пример, се одлучите за вечера да изедете половина шолја свежо посно сирење (купено во некој маркет) и половина лепиња, звучи навистина здраво.

Но, вистината е дека ќе изедете сол како да сте изеле голема кеса чипс. Имено, половина шолја посно сирење содржи дури 270 милиграми сол, додека лепињата од пченично брашно има 285 милиграми сол!

Уште полоши се преливите за салати, кои и ако ги ставите во мали количини, имаат повеќе сол од цело пакетче чипс.

Вегетаријанскиот бургер може да звучи сјајно и здраво, но ако доаѓа од фрижидерите на маркетите, во еден има 398 милиграми сол.
За крај, сите сакаме да го користиме конзервираниот сос од домати кој го подобрува вкусот на секое јадење. Знаете ли дека во половина шолја има 642 милиграми сол? Затоа внимавајте што јадете!