Шведскиот клуб Естерс кој се натпреварува во Втората лига по ранг во земјата најави револуција во фудбалот, откако одлучи да биде ригорозен кон своите фудбалери кои нема да го почитуваат фер плејот, односо ќе ги казнува фудбалерите кои ќе симулираат.

Се почести се глетките како фудбалерите и тоа од светска класа симулираат и изнудуваат пенали, фаули жолти или црвени картони, а Естерс од Шведска ќе го „истреби“ тоа барем во својот клуб.

– Најмногу се работи за ситуациите во казнетиот простор во кој играчите повеќе мислат како да изнудат пенал отколку да постигнат погодок. Ние како клуб кој произведува млади играчи сакаме да тоа да го стопираме, а за сега се одлучивме на овој начин кој се надевам дека ќе вроди со плод. – изјавија директорите на клубот, Јон Линдбер и Питер Вибран.

Казните за почеток ќе бидат поучни, а потоа Естерс ќе казнува финансиски и со отказ од клубот.

OhridNews