Мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Бурнмаут на Олд Трафорд половина час пред да започне беше одложен поради најава на бомба која на крајот се покажа како лажна тревога.


Обезбедувањето на Олд Трафорд алармило дека пронајдена е сомнителна торба меѓу трибините Стетфорд Енд и Сер Алекс Фергусон.


Веднаш, гледачите на Олд Трафорд беа евакуирани, а специјалните единици за демонтирање на бомби го прегледа целиот стадион и сомнителната торба.


По деталните прегледи на торбата специјалните единици отфрлиле било каква можност за терористички напад и ја смирија тензијата која владееше во фудбалскиот свет.


Натпреварот кој ќе означи крај на Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Бурнмаут ќе се одигра во вторник во 21 часот.

OhridNews