Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од 07:10 часот поради случена сообраќајна незгода на самиот влез на тунелот на Автопат А-1 Неготино-Гевгелија сообраќајот за патнички моторни возила се одвива со наизменично пропуштање, а за товарни возила е во прекин.

Прекин на сообраќај има на патниот правец Р1202 Маврово – Дебар, на делницата с.Долно Косоврасти – Мелнички мост, поради извршување градежни работи на пат (асфалтирање),на 05.09, 06.09 и 07.09.2017 (вторник,среда и четврток) сообраќајот ќе биде во прекин од 13.00 до 17.00 часот.

OhridNews