Големиот хуманитарен концер за помош на ранливите категории граѓани што го организира Црвен крст Охрид во соработка со фирмата “Синерга” од Хрватска, најавен за среда, 6-ти ноември,  наместо во центарот за култура како што беше првично беше соопштено, ќе се одржи во спортската сала „Билјанини извори# со почеток во 13 часот.

На концерот ќе биде изведувана Госпел поп-рок музика, а ќе настапат музички уметници од Хрватска, кантавторот Данко ТомовиЌ и групата Адонаи.

Средствата собрани од хуманитарниот концерт со продажба на влезниците чиј износ е 50 денари и продажбата на оригами производи изработени од младите членови на оригами клубот при Црвен крст Охрид, ќе бидат наменети за набавка на помагала за лицата со оштетен вид и слух од Охрид.

OhridNews