Ќе се врши интервенција на водоводната мрежа, односно превземање активности пред почеток на летната сезона како што се вршење поправки на главните шибери , отклонување на дефеци како и измивање на водоводната линија.
Прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците Крали Марко, Железничка, Будва, Прилепска, Винковачка, 8-Ми Март, Стив Наумов, Бистрица, дел од Гоце Делчев, Јабланица, Аџи Мустафа, Ариф Мустафа, Трајче Трајчески, Сатеска , Мича Гилиќ, Васил Стефоски потегот према Авто камп Андон Дуков и населба Орман.