Најчести жртви на семејно насилство се жени со пониско образование од рурални средини
15.08.12 15:00
Во Македонија 60 проценти од жртвите на семејно насилство се женски лица на возраст меѓу 30 и 64 години, а 80 отсто од нив се невработени со средно или основно образование. Процентот на лицата кои биле жртви на насилство е повисок во руралните средини иако најголем број од насилствата се пријавени во урбаните средини.
Ова го покажуват резултатите од националното истражување на состојбите на семејно насилство во домаќинствата спроведено во рамките на програмата „Зајакнување на националните капацитети за спречување на семејно насилство 2008-2012“ што ја спроведуваат македонските надлежни институции во соработка со УНДП, извршено во март и април годинава врз репрезенативен примерок од 2.100 лица на вораст над 15 години на територијата на цела Република Македонија. Дури 33,7 од анкетираните се изјасниле дека врз нив било извршено некој вид на семејно насилство.
Во истражувањето биле пријавени само 18 случаи на сексуално насилство. Од нив 78 отсто биле на возраст од 30 до 64 години, 67 отсто од руралните средини, 83 отсто невработени, а 67 отсто со основно или помало образование од основно.
Мнозинството од сторителите на насилство (62 отсто) се мажи, но има и жени, особено свекрви и сопруги. Од сторителите 56 отсто се спорузи или сопруги, а 10 отсто отпаѓаат на дуги членови на семејството. Во однос на сексуалното насилство, прашање упатено само до жените, 100 проценти од извршителите се сопрузи или поранешни интимни партнери.
– Главната цел на ова истражување беше да се добие сеопфатна анализа на семејното насилство вклучително и причините, видовите, инциденцата, преваленцата и зачестеноста со што би се креирале соодветни политики кои се засновани на факти. Се прибраа податоци за бројот на инцидентите на насилство сторени во рамките на специфична демографска група и за процентот на лица кои биле жртви на насилство во одреден временски период, рече министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека 91 отсто од испитаниците одговориле дека знаат оти семејното насилство е кривично дело, а 76 отсто потврдиле дека се запознати со постоењето на социјални служби за заштита на жртвите. Дури 3/4 од инцидентите не се пријавени кај ниту една од надлежните институции, а само 45 отсто од анкетираните имаат познавање за правните чекори што можат да се преземат, особено за заштита на жртвите и казнување на сторителите.
Министерот посочи дека годинава се бележи за 20 отсто зголемување на бројот на кривичните пријави по основ на семејно насилство во однос на минатата.
Првото новороденче во Струга е девојче Мајката која е од Мислешево на свет го донесе бебето утринава во 7 часот и 20 минути Бебето е тешко 4200 грама, а породувањето беше спонтано И мајката и бебет...
Амбасадата на Република Северна Македонија внимателно ги следи случувањата во Кран-Монтана и е во состојба на подготвеност да им пружи помош на своите државјани, стои во објавата на Фејсбук Во случ...
Рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 јануари 2026 година Како што информираат од Министерството за образование и наука п...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.