Публиката со бурни и долги аплаузи го испрати од сцена најпродаваниот светски виолинист, Најџел Кенеди, кој синоќа во предвоорјето на црквата Света Софија и приреди двочасовното уживање. Екстравагантниот Кенеди во првиот дел од концертот изведе дела од Бах, додека пак во вториот дел од американскиот џез музичар Фатс Волер.


Публиката, меѓу која се наоѓаше и претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов,  ја воодушеви со својата музика, но и спонтаноста во комуникацијата со неа.

На крај од концертот Кенеди не изостави да изведе и музика од нашето поднебје, при што публиката имаше можност да ја чуе изведбата на познатата македонска песна Јовано Јованке.


Најпродаваниот светски виолинист настапи во Охрид


Најџел Кенеди  зад себе има исклучително успешна 25-годишна кариера во која настапувал со најдобрите светски оркестри и диригенти, како и на бројни јавни и приватни концерти. Неговата студиска изведба на „Четирите годишни времиња“ од Вивалди е внесена во Гинисовата книга на рекорди со продадени над два милиони примероци.

OhridNews
фото: Емилио