Што секоја жена би требало да знае? Дали некогаш сте се запрашале дали постои универзален одговор на секое ваше прашање кое сте го поставиле? Тешко е да се очекува дека  постои еден одговор за се, но затоа е добро што постојат многу решенија на се она што сте го виделе како проблем.
Колку често времето го поминувате пред огледало? Дали сте една од оние жени која повеќе од половина од своето време го посветува на разубавување и постигнување на изгледот со кој најпосле ќе бидете задоволни? Ако сте во категоријата на оние кои многу време и посветуваат на убавината добро е да знаете кои се најдобрите тајни за убавина, а со кои најпосле ќе бидете задоволни.

Понекогаш не е лесно да се биде жена, бидејќи сакале или не, општеството поставило одредени критериуми кои би морале да бидат задоволени, а кои се однесуваат на тоа како ќе изгледате кога излегувате надвор од дома. Следат совети кои ќе ви помогнат што полесно и побрзо да дојдете до неодолив и прекрасен изглед.

Се подготвувате за посебна вечер? Не сте сигурни како да се нашминкате, а тоа да биде ефектно? Постои еден мал трик кој експертите одлучиле да го поделат со нас. Земете бела сенка и нанесете ја на капакот. Потоа нанесете ја сенката која сте планирале, а само така бојата на избраната сенка повеќе ќе дојде до израз.

Карминот на забите и не е најдобра глетка, а добро е што тоа можете да го избегнете. Откако ќе нанесете кармин на усните земете марамче и лесно допрете ги усните. Постои уште еден трик,а тоа е да ставите прст во уста и само лесно да го извлечете. Проблемот е решен, а вие изгледате совршено.

Сакате ли да имате визуелно поголеми очи, а не сакате да ставате вештачки трепки? Време е да испробате еден мал трик кој ќе ви помогне кога се спремате да излегувате. Нанесете го првиот слој маскара, причекајте да се исуши,  а потоа ставете го другиот слој маскара. Вашите трепки ќе бидат подолги и без грутки, а очите ќе бидат многу поголеми.

извор: savjetnica.com