Рожерио Сени, легендарниот бразилски голман, стави крај на кариерата. Мечот на Сао Паоло против Гоиас требаше да биде последниот во кариерата на легендарниот голман, но тој не настапи поради повреда на глуждот.


Рожерио Сени дресот на Сао Паоло го носеше од 1992 година, а официјално е најдобриот голгетер меѓу голманите, со постигнат 131 гол на 1256 натпревар.

42-годишниот голман од 1997 година во секоја сезона постигнал најмалку по два гола. Сени е шестиот најдобар стрелец во историјата на Сао Паоло.


Во кариерата со својот тим има освоено 20 трофеи, вклучувајќи и три шампионски титули во Бразил и две во Коа Либертадорес. Тој беше дел од бразилската репрезентација која во 2002 година стана светски шампион во Јапонија и Јужна Кореа.

Ohridnews