Фудбалската селекција од 21 година ќе добие нов селектор, откако сегашниот Благоја Милевски најави заминување после завршувањето на договорот кој му истекува на 1 јуни. Информацијата, Милевски ја објави денеска на преконференцијата во пресрет на пријателските средби со Азербејџан на 24 и 27 мај кои ќе се одиграат во Баку.

– Благодарност за несебичната поддршка што ми ја дадовте со години. Договорот со ФФМ ми е до 1 јуни и сум на располагање дотогаш. Дали ќе патувам за Азербејџан или не ќе одлучат од Федерацијата. Јас сум подготвен да го испочитувам договорот максимално до крај. Сето она што ќе следи потоа, за тоа ќе зборуваме потоа. Понекогаш, во животот морате да продолжите понатаму, иако тоа не го посакувате. Некако и чувствувам дека ми е потребен нов предизвик. – изјави Милевски

Милевски го донесе најголемиот успех на македонскиот репрезентативен фудбал, откако со младинците се пласира на Европското првенство во Полска. Тој после завршување на одисејата во репрезентацијата ќе замине во изралескиот клуб Ашдод.

OhridNews