Охриѓанецот Реџеп Селман заврши на  27 – то претпоследно место во квалификациите во  дисциплината трискок, на ЕП во атлетика кое се одржува во Барселона.


Селман скона 15 метри и 39 сантиметри, што е и негово најдобро остварување годинава. Неговиот најдобар резултат е 15.46 постигнат во Банска Бистрица, Словачка.

Вториот наш преставник Ивана Рожман својот настап во квалификациите на 100 метри ќе го има денес.

М.П.